Сѐ уште трае мистеријата за дронот во Хрватска: Русите објавија снимка од пад на идентичен на Крим истиот ден!

Сподели со своите пријатели

Руската државна новинска агенција ја објави веста дека две украински беспилотни летала од ист тип Ту-141 се урнале во четвртокот. Еден од нив наводно паднал во Загреб, Хрватска, додека друг паднал на Крим.

Loading...

– Првиот од нив падна во близина на градот Красноперекопска (Крим), а вториот во Загреб (Хрватска), летајќи со повеќе од 700 километри – изјавил за Тасс изворот.

 

 

Тој објасни дека ова беспилотно летало е „во суштина мал авион способен да носи прилично сериозен товар од бомба, до еден тон“.

Според него, двата апарата извршиле „пробни летови“ до Крим, но еден од нив скршнал од курсот и полетал за главниот град на Хрватска.

– Делови од украинскиот дрон од типот Ту-141 беа откриени од страна на руските граничари на 11 март во 10:35 часот, на 17,6 километри од државната граница и на 8,5 километри од Красноперекопск на брегот на езерото Красноје – изјави изворот.

Loading...

 

 

– Претходно хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека од Украина е лансиран дрон, кој се урна ноќта во Загреб. Тој изрази изненадување што авионот од стар тип поминал повеќе од еден час на небото над земјите членки на НАТО, а никој не го забележал. Според него, инцидентот се истражува – додава агенцијата.

Украина: Дронот не е соборен над Крим

Украинската државна агенција за специјални комуникации и информации реагираше на оваа објава на Русија и тврди дека тоа е лажна вест.

 

Loading...

 

– Уште една лажна вест. Украински дрон не е соборен над Крим. Руските пропагандни медиуми почнаа да шират фотографии од наводниот украински Ту-141 Свифт над Крим. Сепак, тоа е лага – пишува украинската агенција.

Додека главното прашање е чиј е дронот што се урна во Загреб, полемиката е најмногу на социјалните мрежи бидејќи изјавите на официјалните лица се многу ретки за овој инцидент, а двете страни – и руската и украинската – негираат дека дронот е нивен.

Сепак, само неколку дена пред инцидентот во Загреб, на социјалните мрежи се појавија фотографии од соборениот дрон, за кој се тврди дека е украински Ту-141, оставен од советско време, а кој беше соборен од руските сили на 8 март.