Рузмаринот освен што дава добар вкус на јадењата, тој исто така е добар за здравјето и расположението

Сподели со своите пријатели

Обично го додавате како зачин во разни јадења или евентуално како додаток на чај, но рузмаринот е многу моќно растение кое помага на физичкото и менталното здравје на повеќе начини.

Loading...

Бројни студии покажаа дека рузмаринот не е само зачин, туку е суперхрана која има бројни лековити својства.

Низ историјата, луѓето користеле рузмарин за зајакнување на меморијата. Дури и познатиот Шекспир пишуваше за него во Хамлет.

Дури и денес, се смета дека рузмаринот помага во меморијата, но некои истражувања покажуваат дека има позитивен ефект врз подобро расположение и нивоа на стрес.

 

 

Го подобрува расположението

Loading...

Во студија од 2018 година, на глувци во лабораторија кои биле под хроничен стрес им бил даден екстракт од рузмарин и откриле дека има антидепресивно дејство.

Научниците веруваат дека причината лежи во фактот дека растението има антиинфламаторни својства и помага во ублажување на воспалителните процеси во регионот на мозокот наречен хипокампус, но и во цревата.

Иако сеуште постојат истражувања кои се обидуваат да го поврзат здравјето на цревата со здравјето на мозокот, се чини дека доброто расположение, оптимизмот и остриот ум имаат врска со здравиот микробиом.

 

 

Рузмарин влијае на ендоканабиноидниот систем

Тоа е главниот регулаторен систем во нашето тело кој е одговорен за начинот на комуникација на нервните клетки.

Loading...

Ги регулира процесите како глад, сон, воспаление, стрес, крвен притисок, метаболизам, телесна температура и многу други процеси.

Рузмарин содржи соединение кое се врзува за канабиноидните рецептори. Иако сеуште не знаеме како и зошто, се чини дека ова врзување за рецепторите го намалува влијанието на реакцијата на стрес.

Leave a Reply