Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четврток дека е „претпазливо оптимист“ во врска со можниот напредок во разговорите за Украина, под услов Русија да преземе „понатамошни чекори“.
„Останувам претпазливо оптимист и мислам дека ако Русите се подготвени да ја играат играта, а не само Украинците (…) може да има напредок во следните две недели“, рече Руте по пристигнувањето во Анталија, каде што се одржува состанокот на министрите за надворешни работи на членките на НАТО.
Сепак, за да се постигне вистински напредок во преговорите, Русија мора да ги преземе и своите обврски, додаде Руте, потсетувајќи дека Украина „е подготвена да се вклучи во прекин на огнот и преговори“.
„Топката сега е во дворот на Русија“, рече шефот на НАТО.