Руте: Војната во Украина е дел од глобалната борба за моќ меѓу САД и Кина

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави денеска дека војната во Украина е дел од глобалната борба за моќ меѓу САД и Кина.

Loading...

Тој го кажа ова во Мастрихт на собирот „Предавања на принцезата Беатрикс“, објави денеска NL Times.

Претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер изјави дека додека не се најде рамнотежа ќе има војни, но не светски, туку регионални војни.

Бауер очекува да ги види основите на два посебни светски поредоци во два различни делови на светот во рок од пет до 10 години.

Бауер оценил дека решавачкиот пресврт е тоа што Северна Кореја испратила војници да се борат против Украина заедно со Русите и дека како резултат на тоа војната повеќе не може да се реши без да се склучи договор со Северна Кореја, Иран и Кина.