Руте: Го следиме развојот на ситуацијата во Јужна Кореја, нашиот однос е „клучен и челичен“

Сподели со своите пријатели

НАТО ја следи актуелната ситуација во Јужна Кореја, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Марк Руте, нагласувајќи дека НАТО има „челични“ односи со Јужна Кореја, кои не можат да се менуваат или ослабуваат.

Loading...

„Ги следиме настаните во Јужна Кореја, не интересира како понатаму ќе се развива ситуацијата. Нашиот однос со Јужна Кореја е клучен, нашиот однос со Јужна Кореја е челичен“, рече Руте на состанокот на НАТО во Брисел, пренесе Ројтерс.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол вчера прогласи воена состојба во таа земја за, како што наведе, „да ја спаси земјата од антидржавните сили кои се обидуваат да ги парализираат суштинските функции на државата и да го уништат уставниот поредок на либералната демократија“, а подоцна во текот на денот парламентот изгласа резолуција за укинување на воената состојба, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 29 лица загинаа во поплавите на југот на Тајланд

После тоа, воената состојба, која траеше неколку часа, беше укината.

Главната опозициска Демократска партија и пет други помали опозициски партии, вклучително Корејската партија за обнова и Реформската партија, оттогаш поднесоа предлог за импичмент на јужнокорејскиот претседател, а парламентот се очекува да гласа за предлогот во петок или сабота, објави Јонхап.