Руската армија вчера уништила 258 воени објекти во Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
За време на воената операција уништени се вкупно 2.482 воени инфраструктурни објекти во Украина, се наведува во соопштението, пренесува Спутник.
Поранешен британски генерал: НАТО порано или подоцна ќе мора да се бори против Русија
Во исто време, како што се наведува, руската авијација соборила два украински авиони МиГ-29 и еден Су-27, уништила две украински дивизии С-300, три фрлачи Бук М-1, четири командни центри, две радарски станици, девет магацини за муниција и 11 локации каде се чувала воена опрема.
Портпаролот на рускиот воен оддел Игор Конашенков исто така нагласи дека украинскиот аеродром Озерноје во регионот Житомир бил онеспособен со прецизно истрелување на проектили со долг дострел.