Руско-американска државјанка, која живее во Лос Анџелес, е уапсен во Екатеринбург, Русија поради „предавство“, пренесоа денеска руските агенции.
Loading...
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) го обвини лицето, чие име не е објавено, дека собира средства за украинската војска.
„ФСБ во Екатеринбург стави крај на нелегалните активности на 33-годишно лице кое живее во Лос Анџелес и има руско и американско државјанство“, се вели во соопштението на службата.
Жената е уапсена како дел од истрагата за „предавство“ за наводно собирање средства што и овозможиле на украинската војска да набави оружје.