Руските власти ја потврдија смртта на генералот кој наводно бил убиен од украински снајперист

Сподели со своите пријатели

Градската управа на руски Новоросијск преку соопштение потврди дека рускиот генерал Андреј Суковецки бил убиен во нападот врз Украина.

Тие тврдат дека Суковецки, како заменик командант на 41-та комбинирана копнена бригада на руската армија, бил убиен на 28 февруари за време на борбена мисија како дел од специјалната операција на руските воени сили во Украина.

 

Зеленски: Русија врши терор во Мариупол

 

Потсетуваат дека Суковецки и претходно учествувал во воени операции во Северен Кавказ и Сирија.

Да потсетиме, пред една недела, украинските медиуми објавија, а многумина ширум светот објавија дека Суковецки бил убиен од куршум испукан од украински снајперист.

 

Нови снимки од воздух: Се размести големиот руски воен конвој

 

Тие изјавија дека тоа е голема загуба за руската армија бидејќи тој бил генерал кој се борел и во Сирија.