Русија во последните 48 часа прави напори да ја обнови офанзивата и да напредува јужно од украинскиот град Изиум, на истокот на земјата, соопшти денеска Министерството за одбрана на Велика Британија.
Loading...
Неговата цел е да навлезе подлабоко во регионот на Донецк и да го покрие џебот од север околу градот Северодонецк, каде се водат најголемите битки, се вели во новиот разузнавачки извештај на министерството на Твитер, пренесува Ројтерс.