Советникот на градоначалникот на Мариупол Петро Андриушченко изјави дека руските сили утринава се обидуваат да навлезат на територијата на фабриката Азовстал во тој град.
Loading...
Андриушченко рече дека руските сили, додека трае гранатирањето, се обидуваат да се пробијат до централниот дел на фабриката, според УНИАН.
Зеленски: Русите се кукавици, не сакаат да го признаат поразот
Тој објави и фотографија, на која се гледаат руски војници како шетаат низ фабриката.
Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека Русија ги продолжила артилериските и воздушните напади врз Мариупол и дека главните напори се уште се концентрирани на блокирање на украинските војници во областа на фабриката Азовстал.