Руските сили почнаа да го гранатираат Азовстал

Сподели со своите пријатели

Руските сили почнаа со гранатирање и бомбардирање на фабриката за челик Азовстал во јужниот украински пристанишен град Мариупол, откако украинските војници го искористија прекинот на огнот за да заземат позиции, објави денеска РИА Новости, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Loading...

 

Руските сили уништија украински систем за воздушна одбрана С-300

 

„Прогласен е прекин на огнот, цивилите мораа да бидат евакуирани од територијата на Азовстал. Ова го искористија војниците на Азов и Украина, кои се стационирани во фабриката. Тие излегоа од подрумот, зазедоа позиции на територијата и во зградата на фабриката“, наведува руската агенција во извештајот.

Според Министерството за одбрана, сега единиците на руската армија и самопрогласената Доњецка народна република (ДНР), користејќи артилерија и авијација, почнуваат да ги уништуваат тие стрелички позиции.

 

Конвојот евакуирани од Азовстал оди кон Запорожје

Loading...

 

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на самопрогласената ДНР вчера објави дека украинската страна го прекинала примирјето во челичарницата Азовстал и почнала да гранатира од своите позиции на територијата на фабриката.

Тој за руската агенција РИА Новости изјави дека мора да одговорат припадниците на Народната милиција на ДНР.

 

Кадиров: Во тек е голема офанзива на силите на ЛНР и чеченските борци

 

Режимот за прекин на огнот беше воведен претходно, поради што неколку стотици цивили успеаја да се евакуираат од територијата околу „Азовстал“ и околните области.