Конфликтот во Украина има големи последици за некои од најспособните руски војници, се вели во најновиот извештај на британското Министерство за одбрана.
Најмалку еден Т-90М, најнапредниот руски тенк, е уништен во борбите, додаде Министерството.
Зеленски: „Украина презема дипломатски чекори за да ги спаси бранителите на Азовстал“
Т-90М беше претставен во 2016 година и вклучува подобрен оклоп, надграден топ и подобрени сателитски навигациски системи.
„На Русија ќе и треба многу време и пари за обнова на единиците“
Приближно 100 тенкови Т-90М моментално се во служба во најдобро опремените руски единици, вклучително и оние кои се борат во Украина, соопшти британското разузнавање, додавајќи дека подобрениот оклоп на системот, дизајниран да се спротивстави на противтенковското оружје, останува ранлив доколку не е поддржан од други елементи.
„Конфликтот во Украина зема голем данок за некои од најспособните руски единици и нивните најнапредни способности. На Русија ќе и треба многу време и пари за да ги обнови своите вооружени сили по овој конфликт. Ќе биде особено предизвик да се замени модернизираната и напредна опрема поради санкциите кои ограничуваат пристап на Русија до некои од клучните микроелектронски компоненти“, се вели во извештајот.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 07 May 2022
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/cAYdsWHMvV
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/4z2cRVCJpf
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) May 7, 2022