Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили ги гранатираат украинските позиции по целата линија на фронтот, а во правец на Бахмут, во областа Доњецк, ги напаѓаат населбите Новолуганское и Спорноје.
Loading...
Во правец на Харков, руските сили ги концентрираат своите напори за задржување на окупираните линии и спречување на напредувањето на украинските војници, пренесува Интерфакс Украина.
Во правец на Славјанск и Краматорск, руските сили гранатираа некои населени места, додаваат од украинскиот Генералштаб, пренесува Танјуг.