Руските сили гранатирале џамија во која се криеле 80 возрасни и деца

Сподели со своите пријатели

Руските сили гранатирале џамија во јужниот украински пристанишен град Мариупол, каде биле засолнети повеќе од 80 возрасни и деца, вклучително и турски државјани, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

Министерството за надворешни работи на Украина на Твитер објави дека џамијата на султанот Сулејман Величествениот во Мариупол била гранатирана од руски „напаѓачи“.

 

Русија известува за напади во близина на Киев, тврди дека напредува на исток

 

– Од гранатирањето се кријат повеќе од 80 возрасни и деца, меѓу кои и турски државјани – наведува Министерството за надворешни работи на Украина.

Нема извештаи за жртви.

Москва негираше дека цели на цивилни области.