Руските сили гаѓале украинскиот институт каде што се наоѓа експериментален нуклеарен реактор

Сподели со своите пријатели

Руски авиони бомбардираа институт во украинскиот град Харков во кој се наоѓа експериментален нуклеарен реактор, а избувна пожар во блискиот хостел, изјави во четвртокот висок украински функционер.

Loading...

Советникот на министерот за внатрешни работи Антон Герашченко во изјава на интернет напиша дека Институтот за физика и технологија има „извори на зрачење што се користат за научни цели“.

 

Нови снимки од воздух: Се размести големиот руски воен конвој

 

Новинската агенција Интерфакс Украина јави дека пожарникарите го гаснат пожарот што избувна во петкатницата во која се наоѓа хостелот.

На официјалната страница на украинскиот парламент претходно беше објавено дека борбите во близина на институтот продолжуваат.

Руските сили ја зазедоа нуклеарната централа Запорожје минатата недела.

Loading...