Како резултат на ракетните напади на руските сили насочени кон цели во регионот Лавов вечерта на 3 мај, околу 85.000 домаќинства или речиси 250.000 луѓе останаа без електрична енергија, пишува Укринформ.
Ова на прес-конференција го изјави шефот на регионалната воена управа Максим Козицки.
Украински војник: Уште најмалку 500 ранети во фабриката Азовстал во Мариупол
– Повеќе од 85.000 домаќинства и повеќе од 12 населени места се целосно без струја. Уште пет населени места делумно се без струја. Околу 250.000 жители останаа без струја – рече тој.
Според Козицки, заклучно со утрото на 4 мај, без струја останале околу 630 домаќинства.
Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовји изјави дека медицинските установи во регионалниот центар биле веднаш префрлени на резервното напојување со струја, што помогнало да се избегнат можни трагедии.
Системите за водоснабдување исто така се префрлени на резервна енергија. Сега се вратија во нормала.