Руските ПВО системи соборија 122 украински дронови во текот на ноќта

Сподели со своите пријатели

Руските противвоздушни системи соборија 122 украински беспилотни летала над руските региони во текот на ноќта, објави Интефакс.

Loading...

Од нив, 43 беспилотни летала беа соборени над Брјанската област и 38 над Курската област.

Десет беспилотни летала беа соборени над Орјолската област, по шест над Смоленската и Бонската област, пет над Белгородската област, каде што еден службеник беше убиен во напад со беспилотни летала. Беа соборени и беспилотни летала над Ленинградската, Липецката и Тулската област.

Во Ворошнешката област, беспилотно летало се урна во станбена зграда, а во таа прилика беа повредени двајца тинејџери, јавува Танјуг.