Руското Министерство за образование објави дека децата во училиштата ширум земјата ќе гледаат онлајн предавање на тема „зошто беше неопходна ослободителната мисија во Украина“.
Loading...
Предавањето ќе се одржи денеска во 12 часот по московско време, пишува Би-Би-Си.
Децата ќе слушаат „за опасноста што ја претставува НАТО за нивната земја“ и „зошто Русија застана во одбрана на цивилите во Доњецката и Луганската народна република“.
Министерството за образование на Фејсбук објави дека децата ќе научат и „како да ја разликуваат вистината од лагата меѓу мноштвото информации, фотографии и видеа кои денес го преплавуваат интернетот“, пренесува Индекс.