Руските чекори го зголемуваат ризикот од конфликт во Европа, смета чешкиот претседател

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Чешката Република Милош Земан денеска за прв пат по ескалацијата на тензиите со Русија поради Украина призна дека последните чекори, признавањето на проруските сепаратистички области во Украина и наредбата за испраќање руски војници во нив го зголемуваат ризикот од војна.

Loading...

„Претседателот наведува дека влегувањето на руската армија на територијата на сепаратистичките републики Доњецк и Луганск го зголемува ризикот од воен конфликт, а напротив ги намалува надежите за дипломатско решение“, го брифираше чешкиот претседател Земан чешкиот портпарол Јиржи Овчачек.

Синоќешните потези на Русија беа остро осудени од чешкиот државен врв со целосна поддршка на опозицијата и нејзиниот лидер, поранешниот премиер Андреј Бабиш, а премиерот Петр Фијала денеска изјави дека Чешка го гледа признавањето на бунтовничките територии како чин за руска агресија врз суверена држава.

„Европа во моментов е на чекор од војна. Не сме сведоци на ништо ново, тоа го видовме во Грузија, на Крим и сега во источна Украина. Оној што верува дека напорите на Путин би можеле да завршат во источна Украина, греши. Да ги погледнеме старите карти за тоа што СССР, а сега и Русија го сметаат за своја сфера на влијание и сите ќе разбереме колку тоа суштински не засега нас“, рече премиерот Фијала.

Чешкиот премиер најави натамошна помош за Украина, покрај артилериската муниција и медицинската поддршка на украинските вооружени сили во согласност со барањето на Украина, а исто така изјави дека Чешка е подготвена да им стави на располагање на сојузниците на НАТО за силите за брза реакција и нејзините елитна хемиска единица .

„Сакам да ги уверам нашите граѓани дека Европската унија веќе неколку недели работи на намалување на енергетската зависност од Русија. Испораките на енергенси од други земји се подготвени доколку има потреба, а ние се подготвуваме и за таа варијанта. Подготвени сме и за прекин на снабдувањето со енергија и за евентуален прилив на бегалци од Украина“, изјави чешкиот премиер.