Рускиот пилот кој пребегна во Украина пронајден убиен

Сподели со своите пријатели

Шефот на руското разузнавање во вторникот изјави дека рускиот пилот кој пребегна во Украина и беше пронајден мртов во гаража во Шпанија минатата недела е морален труп бидејќи ги планирал своите злосторства, пренесоа руските новински агенции.

Loading...

Директорот на руската служба за надворешно разузнавање (СВР) Сергеј Наришкин одби дополнително да коментира за Максим Кузминов, пренесоа руските новински агенции.

Шпанската државна новинска агенција ЕФЕ објави дека телото пронајдено на 13 февруари во градот Вилајојоса кај Аликанте во јужна Шпанија му припаѓа на пилотот Максим Кузминов, кој слета во Украина со хеликоптер Ми-8 минатиот август.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ: Не сакаме руски енергенси дури ни кога ќе биде потпишан мировниот договор

Тој живеел во Шпанија со украински пасош под друго име.

Телото на пилотот било пронајдено изрешетано со куршуми.

Портпаролот на украинската воена разузнавачка служба ГРУ потврди за Ројтерс дека Кузминов починал во Шпанија, но не кажа како.

„Украинска правда“ објави дека е пронајден застрелан.

Шпанската полиција потврди дека во градот е пронајдено тело на застрелано лице, но не го соопшти неговиот идентитет.

Loading...

Весникот Ла Информа, кој прв го објави текстот, објави дека истражителите трагаат по двајца осомничени кои побегнале со возило кое подоцна било пронајдено изгорено во блискиот град.