Рускиот патријарх Кирил: Подготвени сме за дијалог со новоизбраниот папа и Ватикан

Сподели со своите пријатели

Рускиот патријарх Кирил изјави дека Руската православна црква е подготвена за дијалог со Ватикан и новоизбраниот папа Лав Четиринаесетти за заштита на традиционалните вредности, воспоставување мир, заштита на христијанството, животната средина и хуманитарни прашања.

Loading...

„И покрај разликите што постојат, односите со Римокатоличката црква се одржуваат. Лав Четиринаесетти стана нов папа и ние, секако, сме подготвени за понатамошен развој на дијалогот со Ватикан“, рече рускиот патријарх, објави Риа Новости.

На прием во руското Министерство за надворешни работи, патријархот Кирил нагласи дека Руската православна црква е подготвена да разговара со новиот поглавар на Римокатоличката црква за решавање на многу прашања што се наоѓаат на глобалната агенда денес.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров откри што Путин му потврдил на Трамп за време на разговорот