Рускиот министер за одбрана тврди: „Ќе одговориме на американските провокации во Црното Море“

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов му нареди на Генералштабот на Армијата да претстави предлози како брзо да се справи со „провокациите“ на американските стратешки беспилотни летала кои оперираат над Црното Море, објави во петокот Министерството за одбрана.

Loading...

Министерството во соопштението рече дека забележало зголемена активност на американските беспилотни летала во областа, кои, како што велат, извидуваат и собираат информации за да го таргетираат западното високопрецизно оружје што Украина го користи за напади врз руски објекти.

„Ова го покажува зголеменото учество на САД и земјите од НАТО во конфликтот во Украина на страната на режимот во Киев“, соопшти Министерството за одбрана.

„Ваквите летови ја мултиплицираат веројатноста за инциденти во воздушниот простор со руски авиони, што го зголемува ризикот од директен конфликт меѓу алијансата (НАТО) и Руската Федерација.

Се вели дека земјите од НАТО ќе бидат одговорни за какви било инциденти.

Во соопштението не се споменува Крим, црноморскиот регион на Украина, анектиран од Москва во 2014 година.

Но, руските воени објекти на Крим постојано беа мета на украинските сили, вклучително и западните ракети.