Глобалната прехранбена криза е на повидок ако војната во Украина не се прекине бидејќи цените на ѓубривата растат со таква брзина што многу земјоделци повеќе не можат да си го дозволат, изјави во понеделникот рускиот „крал“ на јагленот и вештачките ѓубрива Андреј Мелниченко.
Неколку од најбогатите руски бизнисмени јавно повикаа на мир откако претседателот Владимир Путин нареди инвазија на 24 февруари, вклучувајќи ги Михаил Фридман, Питер Авен и Олег Дерипаска.
Кадиров им порача на Украинците: Предадете се или ќе ве погубиме
Санкции за руски бизнисмени
Западот ги санкционираше руските бизнисмени, вклучително и санкциите на Европската унија против Мелниченко, и го замрзна државниот имот и отсече голем дел од рускиот бизнис сектор од глобалната економија во обид да го принуди Путин да го промени курсот.
Путин одби. Тој ја нарече војната специјална воена операција за ослободување на Украина од опасните националисти и нацисти.
Во Мариупол загинале 2.500 луѓе, тврди советникот на Зеленски
Итно е потребен мир
– Настаните во Украина се навистина трагични. Итно ни треба мир, изјави 50-годишниот Мелниченко, кој е Русин, но е роден во Белорусија и има мајка Украинка, изјави за Ројтерс во изјавата испратена по е-пошта од неговиот портпарол.
Една од жртвите на оваа криза ќе биде земјоделството и храната, рече Мелниченко, кој го основа EuroChem, најголемиот руски производител на амониум нитрат, со седиште во Швајцарија, и СУЕК, најголемиот руски производител на јаглен.