Во првата половина од годината, рускиот БДП порасна за 1,4 отсто на годишно ниво, соопшти Министерството за економски развој на Русија.
Во вториот квартал од оваа година, од април до јуни, руската економија порасна за 4,6 отсто во однос на истиот период минатата година, пренесува Тас.
На овој начин се ублажи лошиот резултат од првиот квартал – тогаш рускиот БДП падна за 1,8 отсто на годишно ниво, пренесува Танјуг.
Во јуни руската економија порасна за 5,3 отсто на годишно ниво, нешто помалку од мај кога беше забележан раст од 5,4 отсто.
Врз основа на ажурираните економски прогнози, се очекува руската економија да порасне за 1,2 отсто во 2023 година и за 2,0 отсто во 2024 година.
Експертите очекуваат дека инфлацијата во Русија годинава ќе биде на ниво од 5,3 отсто.