Градоначалникот Максим Димитриевски денеска во Општина Куманово одржа пријателска средба со амбасадорот на Руската Федерација во заминување, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин.
На работниот состанок се разговарало за досегашната повеќегодишна соработка помеѓу локалната самоуправа и Амбасадата на Руската Федерација.
Од Општината информираа дека биле разгледани успешно реализираните заеднички проекти, особено во сегментот на образованието, каде што соработката се оценува како значајна и континуирана.
„Изразивме заедничка надеж дека и во иднина ќе продолжиме со реализација на нови проекти кои ќе придонесат за развој на општината и за унапредување на заемните односи“, стои во официјалното соопштение.
Средбата се оценува како конструктивна, а со тоа и како потврда за досегашните партнерски односи меѓу Општина Куманово и руската дипломатска мисија.
Никола Ивановски

