Рускиот амбасадор оди на средба со Талибанците

Сподели со своите пријатели

Рускиот амбасадор во Кабул утре ќе се сретне со Талибанците, објави претставникот на Кремљ за Авганистан, Замир Кабулов.

„Рускиот амбасадор (Дмитриј Жирнов) е во контакт со Талибанците, а утре ќе се сретне со нивниот координатор за безбедност“ за да разговараат за посебни прашања поврзани со безбедноста на руската амбасада во Кабул, рече Кабулов.

 

Талибанците ослободија илјадници припадници на ИСИС и Ал Каеда од затворите (ВИДЕО)

 

Брзината со која Талибанците ја презедоа власта е „изненадување“ за Русија, изјави претставник на Кремљ.

„Ние ги преценивме вооружените сили на Авганистан“, додаде тој.

Претходно, амбасадорот Жирнов за медиумите изјави дека „Талибанците повторија дека на руските дипломати нема да им недостасува влакно“ и дека ја обезбедуваат руската амбасада во Кабул.

 

Авганистанците паѓаат од авиони во лет: Вознемирувачки снимки од Кабул (ВИДЕО)

 

Русија сака Авганистан да биде „цивилизиран, ослободен од тероризам и дрога, за да одржува добри односи со сите земји во светот“, рече Жирнов.

Авганистан денеска е во рацете на Талибанците по распадот на владините сили и бегството на претседателот Ашраф Гани во странство.

 

Авганистанскиот претседател избегал со 4 автомобили и хеликоптер полни пари?