Рускиот амбасадор го извести Вучиќ зошто Лавров не доаѓа во Србија

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека амбасадорот на Руската Федерација Александар Боцан-Харченко го информирал за причините што го спречиле доаѓањето на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во Белград и донел документи дека го поддржуваат тоа.

Loading...

Вучиќ на својот официјален Инстаграм профил додаде дека вечерва на РТС ќе зборува повеќе за се.

Да потсетиме, посетата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Србија беше откажана откако околните земји го затворија воздушниот простор за неговиот авион, јави синоќа руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на извор во руското Министерство за надворешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски во посета на Варшава за решавање на историски спор

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи оцени дека оневозможувањето на прелетот на авионот на Сергеј Лавров претставува подигнување на нова „железна завеса“ во Европа, додека заменик-претседателот на Советот на Федерацијата Константин Косачев повика на заедничка реакција меѓу Белград и Москва, за што рече треба да бидат конкретни и исклучителни и остри.

Утринава неформална група граѓани „Руси, Украинци, Белоруси и Срби заедно против војната“ се собраа пред зградата на Претседателството на Србија, со цел да изразат несогласување за најавената посета на Лавров.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)