Руски свештеник зборувал против војната во Украина, го привеле…

Сподели со своите пријатели

Свештеник кој одржал антивоена проповед во неделата е уапсен во Русија, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на активистички групи. Тој во понеделник треба да се појави на суд.

Новинарот на Би-Би-Си од Русија, Андреј Захаров, објави дека свештеникот Џон Бурдин бил приведен набргу откако одржал проповед во една мала парохија во селото Карабаново.

 

Москва разочарана од одлуката на Берлин да испорача оружје на Украина

 

Проповедал против војната во Украина. Тој им го опишал на локалното население континуираното гранатирање и уништување на украинските градови, а исто така споделил антивоени слики и петиција на парохиската веб-страница.

Полицијата го обвини за дискредитација на вооружените сили. Станува збор за кривично дело кое Думата го утврди пред само неколку дена.

 

Зеленски: Нема да простиме

 

13.000 луѓе се уапсени во Русија од почетокот на војната, 4.600 во неделата.