Руски Су-27 пресретна два американски бомбардери

Сподели со своите пријатели

Руски борбен авион Су-27 вчера пресретнал два американски стратешки бомбардери Б-1Б над Балтичкото Море, соопшти рускиот Национален одбранбен контролен центар, пренесува Klix.ba.

Loading...

Според нивните изјави, радарите откриле две воздушни цели кои се приближувале до руската граница, по што ловецот Су-27 од силите за воздушна одбрана на Балтичката флота бил подигнат во воздух.

„Екипажот на рускиот борбен авион ги класифицира воздушните цели како два стратешки бомбардери Б-1Б на американското воено воздухопловство и ја презеде доделената мисија. По отстранувањето на странските воени авиони од државната граница, рускиот борбен авион се врати во својата база“, се вели во соопштението.

Рускиот Су-27 летал во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор и не ја нарушил границата, истакнуваат од рускиот национален центар за одбранбена контрола.