Руски шпиони приведоа тројца ученици, им се заканува доживотен затвор

Сподели со своите пријатели

Руската тајна служба ФСБ уапси тројца ученици од осмо одделение поради саботажа на пругата Москва-Курск.

Loading...

ФСБ обвинува три момчиња од градот Чехов во близина на Москва дека ја користеле апликацијата Телеграм за да стапат во контакт со непознати лица кои им понудиле да ја оштетат пругата за пари.

Тоа е дел од пругата од Курск, која се наоѓа во близина на границата со Украина, до московскиот регион.

Според ФСБ, осмоодделенците ја извршиле наредбата со оштетување на железничките пруги (одделот не соопшти како), и снимале се за да дојдат до пари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руските сили напредуваат во областа Курск

Колку добиле, исто така, не е прецизирано во извештајот.

Според законските одредби, саботажа и тероризам се казнуваат од десет години до доживотен затвор. Ова се однесува на сите лица постари од 14 години.