Руски ракети паднаа на територија на Полска, загинаа две лица

Сподели со своите пријатели

Две ракети паднаа на територијата на Полска, при што загинаа две лица, соопштија американски разузнавачки извори.

Loading...

Москва ги отфрла медиумските наводи дека станува збор за руски ракети, додавајќи дека руската армија не делувала на цели во близина на украинско-полската граница. икона за видео

„Пожарникарите се на терен, не е јасно што се случило“, изјавил претставник на локалната противпожарна служба, пренесува Ројтерс.

АП пренесува, повикувајќи се на американски безбедносни извори, дека експлозијата била предизвикана од заскитани руски ракети од соседна Украина.

Полските медиуми јавуваат дека две лица загинале кога две залутани ракети паднале попладнево врз селото Пржеводов во провинцијата Лублин, на полската страна на полско-украинската граница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски ја повика меѓународната заедница да го зголеми притисокот врз Русија

„Две залутани ракети паднаа во селото Пржеводов во провинцијата Лублин на границата со Украина. Погодија сушари за жито. Две лица загинаа. Полицијата, обвинителството и војската се на местото на настанот“, јавува локалното радио ЗЕТ.