Руски политичар: Можеме да го принудиме НАТО да ги исклучи Литванија, Летонија и Естонија

Сподели со своите пријатели

Евентуалната одлука на Русија да го повлече признавањето на независноста на Литванија, Летонија и Естонија ќе го принуди НАТО да ги исклучи тие земји од алијансата, изјави пратеникот во Државната дума, Евгениј Федоров, во интервју за Спутник Латвија.

Loading...

Федоров тврди дека руското повлекување на одлуката за признавање на независноста на балтичките држави ќе создаде правна основа што ќе ја принуди Северноатлантската алијанса да се врати на границите од 1997 година.

„Спорните области не можат да влезат во НАТО“

„Повелбата на НАТО содржи клаузула шест, според која спорните области не можат да бидат вклучени во алијансата. Штом териториите на балтичките земји се признаат како спорни, тоа ќе стане основа за исклучување на балтичките земји од НАТО“, рече Федоров. .

Тој вели дека во тој случај би дошло до ситуација во која учеството на овие земји во НАТО е кршење на принципот на спорни територии, но „таква информација само што ја добивме“.