Патнички авион на руската авиокомпанија „Азур Ер“ испратил сигнал за помош над Кина, а авиокомпанијата објавила нешто повеќе од еден час подоцна дека авионот безбедно слетал во Кина и дека нема повредени.
Во авионот на „Азур Ера“ имало 238 патници, а авионот извршил непланирано и принудно слетување во Ланжоу, Кина, објави компанијата.
„Авионот на „Азур Ер“ што го издаде сигналот за итни случаи безбедно слетал на аеродромот Ланжоу, без повредени“, изјави портпаролот на авиокомпанијата за РИА Новости.
На медиумите претходно им беше кажано дека екипажот на авионот „има целосна контрола врз параметрите на летот; авионот е во режим на подготвеност и се подготвува за слетување“.
„Боинг 757, лет ZF-2998 од Пукет до Барнаул, се подготвува за непланирано слетување на аеродромот Ланжоу (Кина). Авионот моментално е во режим на подготвеност. Екипажот целосно ги контролира параметрите на летот и ги спроведува потребните процедури за подготовка за слетување“, се вели во соопштението.
Компанијата додаде дека е во контакт со руските воздухопловни власти и нивниот претставник во Кина.
Летот од кој е испратен сигналот за помош бил од Пукет, Тајланд до Барнаул, Сибир, Русија.
Сè уште не е познато зошто капетанот испратил сигнал за помош и побарал непланирано слетување.

