Руски падобранци зазедоа аеродром кај Киев (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На Твитер е објавено видео од руски падобранци кои го окупираат аеродромот во близина на Киев.

Loading...

Имено, новинарот на CNN се нашол во близина на руските сили на аеродромот Антонов, на оддалеченост од околу 40 километри од Киев.

– Овие трупи што можете да ги видите овде се руските воздухопловни сили. Тие го окупираа овој аеродром – изјави новинар на Си-Ен-Ен.

Во продолжение погледнете го видеото од руските падобранци кои го окупираа аеродромот во близина на Киев:

 


 

Да потсетиме, руската армија ја започна офанзивата на Украина, по ненадејната најава на Владимир Путин, кој во директен ТВ пренос објави дека Русија започнува „воена операција“.

Претседателот на Русија најави почеток на воени операции за време на седницата на Советот за безбедност на ОН.

Loading...

Светските медиуми јавуваат дека експлозии се слушаат низ цела Украина, дури и во Киев и Харков, најголемите градови во земјата.