Голем број возови на територијата на Украина се доцнат поради рускиот напад врз железничката инфраструктура и прекините во електричната енергија, изјави Олександар Перцовски, претседател на Управниот одбор на АД „Укрзалижњица“.
„Уште една ноќ, уште еден комплексен напад врз железницата“, рече Перчовски на Фејсбук и додаде дека доцнењата ќе бидат особено изразени на линиите кон Днепар, објави Укринформ.
За да се минимизира ефектот од доцнењето, резервните локомотиви беа ставени во состојба на готовност.
Исто така, во неколку украински региони беше прогласена воздушна тревога поради заканата од напади со беспилотни летала.
Во Черкаската област, руските сили започнаа напад врз критични инфраструктурни објекти.