Шведска соопшти дека четири руски авиони, два ловци и два бомбардери, го нарушиле нејзиниот воздушен простор
Шведските воздухопловни сили ја извршија операцијата (со авион) „Јас 39 Грипен“ од причини на подготвеност и го документираа овој инцидент, во форма на фотографија, пренесува Ројтерс.
– Тоа покажува дека нашата подготвеност е добра. Бевме на сцената за да го обезбедиме територијалниот интегритет и границите на Шведска. Имаме целосна контрола врз ситуацијата – вели шефот на авијацијата Карл-Јохан Едстром.
Два руски SU 27 и два руски SU 24 го нарушија шведскиот воздушен простор. Рацијата беше краткотрајна и се случи источно од Готланд, преку морето.
– Со оглед на моменталната ситуација, инцидентот го сфаќаме многу сериозно. Тоа е непрофесионална и неодговорна постапка на Русија – вели началникот на воздухопловните сили.
Најавата за нарушување на воздушниот простор следеше набргу по обраќањето на амбасадорот на Шведска во ОН, кој ја обвини Русија дека подготвува инвазија на нивната земја и Финска:
– Претседателот Путин продолжува да ескалира, ги става нуклеарните сили на Русија во состојба на висока готовност, заканувајќи се дека ќе ги нападне Финска и Шведска. На секој чекор Русија ги изневери ОН. Руските дејствија се против сето она за што се залага ова тело – изјави шведскиот амбасадор во ОН.