Рускиот генерал Владимир Алексеев бил застрелан неколку пати во Москва, јавува Би-Би-Си.
Службениците изјавија дека генералот бил застрелан од напаѓач, кој потоа избегал.
„Според истражителите, на 6 февруари, во станбена зграда лоцирана на автопатот Волоколамски во Москва, сè уште непознато лице испукало неколку куршуми кон маж и избегало од местото на настанот. Жртвата е хоспитализирана во градската болница“, изјави Светлана Петренко, портпаролка на Истражниот комитет.
Според неофицијални информации, наводно бил застрелан во грб.
Потрагата по напаѓачот е во тек.
Истражителите и форензичките експерти ги прегледуваат снимките од надзорните камери и ги интервјуираат очевидците.
Покрената е кривична постапка за обид за убиство и нелегална трговија со огнено оружје.
Московското обвинителство ја презеде истрагата.
Владимир Алексеев е прв заменик-началник на Главната дирекција на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација (поранешна ГРУ).
Тој учествуваше во руската операција во Сирија и беше награден со титулата Херој на Русија во 2017 година.
Одликуван е со Орден за заслуги за Татковината, 4-ти степен и Орден на Александар Невски.

