Руски бомбардери пресретнати над воздушниот простор на НАТО

Сподели со своите пријатели

Холандски борбени авиони Ф-35 пресретнале руски ловци и бомбардери во воздушниот простор на НАТО северно од руската енклава Калининград, соопшти холандското Министерство за одбрана.

Loading...

„Вчера, во соработка со Финска и Шведска, пресретнавме руски авиони вооружени со хиперсонични ракети над Балтичкото Море“, објави холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс на својата сметка на X, пренесува порталот Nederland Time.

Фотографиите објавени од шведската армија еден ден претходно покажуваат два ловци СУ-27 кои следат два руски бомбардери ТУ-22М, очигледно вооружени со проектили со долг дострел, пренесува Танјуг.

Холандските авиони Ф-35 се распоредени во областа заедно со финските ловци Ф/А-18 Хорнет и шведските Грипенс.

„Заштитата на нашата безбедност бара постојана подготвеност“, рече Брекелманс.

Од 1 декември, четири холандски борбени авиони Ф-35 се распоредени во воздухопловната база Амари во Естонија, на источното крило на НАТО.