Руски авион собори украински Сухој-25

Сподели со своите пријатели

Руски борбен авион собори Сухој Су-25 на украинските воздухопловни сили во воздушна битка во самопрогласената Народна Република Доњецк, изјави денеска за новинарите портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Тој рече дека Сухој-25 бил соборен во воздушна битка над населбата Јасна Пољана.

Според него, руските воздухопловни, ракетни и артилериски сили минатиот ден уништиле две украински командни пунктови и три магацини за оружје во близина на населбата Спорноје во ДНР.

– Руските воздушни сили употребија паметно оружје за да ги погодат привремените бази на 92-та механизирана и 40-та артилериска бригада на украинската армија во Харков, истакна Конашенков.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова се шесте гаранции што САД и ЕУ ѝ ги дадоа на Украина

Поради успешната офанзива на руските војници во самопрогласената Луганска Народна Република (ЛПР), Киев ја загуби контролата над три бригади на Вооружените сили на Украина и една бригада за територијална одбрана кои се повлекуваа, јави Танјуг.