Руски авион достави 33 тони хуманитарна помош до населението на Либан

Сподели со своите пријатели

Авионот „Иљушин-76“ на Министерството за вонредни ситуации на Русија достави 33 тони хуманитарна помош до населението на Либан, соопшти денеска Министерството.

Loading...

Во соопштението се наведува дека помошта која се состои од храна, лекови и основни потреби е испратена во Либан по наредба на рускиот претседател Владимир Путин, пишува весникот „Известија“.

Либанската милитантна група Хезболах во средата соопшти дека нејзините борци се судриле со израелските одбранбени сили (ИДФ) во јужен Либан.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во средата изјави дека САД сносат значителен дел од одговорноста за големото влошување на ситуацијата на Блискиот Исток.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руски дрон влегол во романскиот воздушен простор, кренати воените авиони

Во текот на ноќта меѓу 30 септември и 1 октомври, израелската армија изврши напади врз јужните предградија на Бејрут и започна ограничени копнени напади против Хезболах во јужниот пограничен регион на Либан.

Водачот на Хезболах Хасан Насрала беше убиен во израелски напад врз Бејрут на 27 септември.