Руската војска уништи системи за воздушна одбрана на Украина

Сподели со своите пријатели

Руската армија соопшти дека ги уништила системите за противвоздушна одбрана и ја ставила од функција воздухопловната база на Украина, каде Москва изутрината започна воена операција.

Loading...

„Воената инфраструктура на воздушните бази на вооружените сили на Украина е ставена надвор од сила“, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесуваат руските новински агенции.

Инсталациите за воздушна одбрана на украинските вооружени сили се уништени, се вели во соопштението на Министерството.