Руската војска тврди дека освоиле уште еден град

Сподели со своите пријатели

Руската армија соопшти дека денеска ја презела контролата врз украинскиот град Изум, јави државниот медиум РИА-Новости, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Сепак, Украина го отфрли тоа тврдење. Људмила Долхоновска, советник на врховниот командант на Украина, Валериј Залужни, изјави за Си-Ен-Ен дека битката за Изум сè уште трае.

 

Москва: Наскоро докази за вмешаност на Пентагон во биолошки лаборатории

 

Изум се наоѓа на главниот пат меѓу Харков и сепаратистичките области Луганск и Доњецк во источна Украина, кој е поддржан од Русија.

По интензивните судири меѓу руските и украинските сили во него минатата недела, речиси сите комуникации беа прекинати.

Неодамна се појавија првите снимки и фотографии од градот на кои се гледаат уништени и бомбардирани згради и тела оставени на улиците.