Руската телевизија прикажа снимка од разурнатиот град, но за се ја обвини Украина

Сподели со своите пријатели

Помина еден месец од почетокот на руската инвазија на Украина. Снимките од уништувањето стигнаа и до руските екрани, вклучително и снимка од беспилотно летало од Мариупол.

Loading...

Меѓутоа, наместо да известува за неколкунеделни гранатирања и ракетни напади, рускиот Канал 1 објави, според Би-Би-Си, дека за тоа се одговорни украинските националисти.

 

Русија ракетираше два објекти на украинската армија во Днепар

 

„Тоа може да се случи. Сликите што го одземаат здивот. Во својата одмаздничка кампања националистите се обидуваат да го израмнат градот до земја“, изјави Олесија Лошева, водител на емисијата.

„Се работи за станбени населби, куќи. Дури може да се види и чад некаде “, додаде таа, додека друга презентерка рече дека таквите сцени е невозможно да се гледаат мирно.

 

Loading...

Украина: Од почетокот на руската инвазија, убиени се 135 деца

 

Руските власти и медиумите постојано тврдат дека токму украинските сили вршат напади врз сопствените градови.