Руските воздухопловни сили синоќа соборија вкупно 28 украински дронови над територијата на Руската Федерација, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Loading...
Руските системи за противвоздушна одбрана уништија украински дронови над Крим, Азовското Море, Краснодарската територија, Белгородската и Ростовската област, се наведува во соопштението, а пренесува РИА Новости.
Откако Русија го започна нападот врз Украина на 24 февруари 2022 година, Москва речиси секојдневно најавува напади со украински беспилотни летала на границата и централните области, како и на Крим.