Руската армија собори 12 украински авиони за време на специјалните операции во Украина, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана, Игор Конашенков.
Loading...
„Беа соборени шест борбени авиони, еден хеликоптер и пет беспилотни летала. Уништени се 67 тенкови и други оклопни возила, 16 ракетни системи, 87 специјализирани воени возила“, рече тој, пренесува ТАС С.
Руското Министерство за одбрана нагласи дека нивната армија не извршува напади врз украинските градови, туку дека воената инфраструктура е цел на многу прецизно оружје.