Руска ракета во петокот наутро погоди училиште во Житомир, на северот на Украина, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Сликите по нападот покажуваат значителна штета и делумно уривање на зградата, објави Си-Ен-Ен.
Во видео изјава, градоначалникот на Житомир, Сергеј Сухомлин, исто така го потврди нападот, велејќи дека руската армија „не застанува на ништо. Ова е училиште. Овие урнатини се поранешно училиште во украинскиот град Житомир“.
Што би се случило во случај на експлозија на најголемата нуклеарна централа во Европа?
Веста доаѓа откако најмалку три училишта во вториот по големина град во Украина, Харков, беа погодени од руски воени напади во вторникот, според видеата и фотографиите објавени на социјалните мрежи.
Други згради за кои се наведува дека биле уништени за време на руската инвазија на Украина вклучуваат културни објекти како цркви, катедрали и музеи во градовите Киев и Харков, се вели во соопштението на украинското Министерство за култура и информативна политика.