Руската амбасада во Стокхолм им се закани на Шведска и Финска со воена одмазда доколку тие две земји станат членки на НАТО, според Еурактив.
„Ако некој верува дека тоа на некој начин ќе ја подобри европската безбедност, можете да бидете сигурни дека новите членки на непријателскиот блок ќе бидат легитимна цел на руските одмазднички мерки, вклучително и воени“, соопшти руската амбасада на Фејсбук.
Амбасадата наведува и дека добива сè поголем број писма од Швеѓаните кои ја поддржуваат Русија, но не ги објавила, пренесува Euractiv.
Дипломатската мисија во Москва ја обвинува Шведска дека постепено станува американска колонија, повторувајќи ги критиките кон Стокхолм за поддршката за Украина.
Рускиот амбасадор во Шведска, Виктор Татаринцев, вчера бил поканет во шведското Министерство за надворешни работи, така што шведските власти, според шефот на дипломатијата Тобијас Билстром, му изразиле протест поради „очигледен обид за влијание“.
Шведската безбедносна политика ја одредува Шведска и никој друг, изјави шефот на дипломатијата на таа земја, која заедно со Финска поднесе барање за членство во НАТО по рускиот напад во Украина.