Русите жестоко го нападнаа Херсон: Една жена загина

Сподели со своите пријатели

Една жена загина при руското гранатирање на градот Херсон на југот на Украина, кое траеше неколку часа, соопшти денеска шефот на регионот Олександр Прокудин.

Loading...

„Тешка ноќ за Херсон. Руската армија продолжи да ги гранатира домовите на жителите на Херсон во централниот дел на градот“, напиша Прокудин на својата сметка на платформата Телеграм.

Ројтерс потсетува дека на почетокот на месецов во руското гранатирање на болница во Керсон загинал лекар, а била ранета медицинска сестра.

Агенцијата додава дека украинската армија го вратила Херсон и делови од регионот Херсон во ноември, откако руските сили го држеле под контрола неколку месеци, но дека руските војници редовно го гранатираат градот и околните области.