Русите уништија цивилен аеродром во Украина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Цивилниот аеродром во градот Виници, на околу 250 километри југозападно од Киев, е целосно уништен од руски проектили, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

 

 

Досега најмногу борби во Украина се водеа северно и источно од Киев, како и во јужните региони на Украина.

 

 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека операцијата се одвива според планот и распоредот и изрази надеж дека украинските преговарачи ќе имаат конструктивен пристап кон разговорите и ќе ја земат предвид ситуацијата на теренот.

 

 

Прекинот на огнот е можен само кога Украина ќе престане да се бори и ќе ги исполни руските барања, рече Путин.