Израелската информативна служба Мосад, која ја шпионира руската влада, открила дека Кремљ користел софтвери на руската компанија „Касперски лаб“ за да ја шпионираат Владата на САД.
Софтверот „Касперски“ го користат околу 400 милиони луѓе ширум светот, а до неодамна го користеа и сите американски владини агенции.
Девет нови промени на Facebook кои најавуваат целосен пресврт во светот (видео)
Израелските информативци кои ја хакирале мрежата на „Касперски“ пред две години, ги информирале своите американски колеги за руските напади, пренесува „Њујорк Тајмс“.
Тоа довело до одлука Вашингтон минатиот месец да нареди отстранување на сите софтвери на фирмата од владините компјутери.
Операцијата на руските хакери, како се наведува, била да се украдат доверливи документи на еден вработен во Националната безбедносна агенција (NSA) кој ги сочувал на својот личен компјутер дома, на кој имал инсталирано програма за заштита од компанијата „Касперски лаб“.
ЧИСТА НА FACEBOOK: Изгаснати на 400 руски профили кои биле активни за време на американските избори

